Не сме виделе потажна слика од Олд Трафорд (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед повторно минува низ тежок период.

Екипата на Оле Гунар Солскјер продолжува со лошите игри, а синоќа од Олд Трафорд бодовите ги однесе и Барнли кој победи со 0:2.

Јунајтед повторно ги разочара фановите, кои залудно бараат заминување на првиот човек Ед Вудвард и го сметаат за најодговорен за моменталната состојба на екипата.

Колкаво е разочарувањето на навивачите на Црвените Ѓаволи јасно ги покажуваат фотографиите од Театарот на соништата. Навивачите многу пред крајот ги напуштија трибинитеи само малку го дочекаа крајниот свиреж на судијата.

Никогаш потажна слика немаме видено од Олд Трафорд, а очигледно пред навивачите на Јунајтед има уште многу тага.