„Не спиев цела ноќ, не можев да верувам дека се селам во Јунајтед“

Пристигнувањето во Манчестер јунајтед се покажа како вистински потег за Одион Игало, кој пристигна на позајмица од Шангај.

Во разговор за „Би-би-си“ кажа дека се сомневале во неговиот квалитет при преселбата во Јунајтед.

„Никогаш не верував дека ќе се случи тоа. Се сомневав и поради коронавирусот, како да дојдам во Англија? Не знаев дали клубот следи уште некој напаѓач. Не можев да верувам и не можев да спијам кога ми јавија дека се селам во Манчестер. Го прашав агентот дали е сериозен, како и дека ќе разговарам со директорот во Кина, а тој не зборуваше англиски. Морав да одам на преведувач…“, вели Игало.