„Не трчајте по Меси, не е ниту блиску до Роналдо“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо на крајот на минатата годишна потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија, а наскоро во таа држава може да му се приклучи и Лионел Меси.

Ал Хилал му нуди договор вреден 220 милиони евра по сезона на Меси, а исто така се очекува помош од државата во ангажирањето на Аргентинецот.

Поранешниот претседател на Ал Хилал, Абдулах бин Мусаед вели дека доаѓањето на Меси во клубот не би го надминало тоа што Ал Наср го направи со Роналдо.

„Ако Меси дојде во Ал Хилал, клубот не би го надминал тоа што го направи Ал Наср со Роналдо“, вели Бин Мусаед.