„Не верувам во солзите на Гвардиола, никогаш не го сакаше мојот син!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер сити пред една недела беа поразени од Челси во финалето на Лига на шампиони, а тоа беше последен натпревар на Серхио Агуеро во дресот на премиерлигашот.

Агуеро веднаш најде нов тим и потпиша двегодишна соработка со Барселона, каде што ќе игра со сонародникот Лионел Меси.

Таткото на Аргентинецо, Леонел ел Кастиљо веднаш го нападна тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

„Не верувам во солзите на Гвардиола. Што се однесува до мене, тој никогаш не го сакаше во неговиот тим. Секогаш сакаше да биде во центар на внимание, да не им дозволува на своите фудбалери да се покажат“, вели таткото на Агуеро.