Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ во оваа година веројатно е најголемо засилување во Премиер лигата, но сепак тоа не го гледаат баш сите така.
Еден од тие кои се сомневаат дека Златан ќе има квалитетна сезона е тренерот на Арсенал Арсен Венгер кој порача дека Златан може да има големи проблеми поради своите години.
„Искрено, не знам дали Златан Ибрахимовиќ ќе биде засилување за Манчестер Јунајтед. Има тој класа, талент, желба, меѓутоа годините повеќе не се на негова страна, па така за тоа ќе морате да се запрашувате пред секој натпревар.
Според тоа што го видов во минатата сезона во ПСЖ, тоа беше негова одлична година, како индивидуално, така и како тимски играч. Беше неверојатно многу добар тимски играч“, рече Венгер.
Да потсетиме дека Златан Ибрахимовиќ стигна како слободен играч после што му истече договорот со ПСЖ.