Недановски: Сè освен титула ќе биде неуспех за Вардар!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Вардар утре ќе ја почне новата сезона со меч против Алкалоид во Автокоманда, а ова ќе биде прв сериозен предизвик за поранешниот шампион.

Тренерот Владо Недановски кажа дека Вардар има шампионски амбиции и за оваа сезона, па сè освен пехар ќе биде неуспех.

„Вардар е подготвен за новата сезона. Имавме добри подготовки, одигравме контролни средби и настапивме на два турнири. И оваа година може сè да реши еден натпревар. Има многу жешки терени, но ние ќе ја нападнеме титулата. Сè освен пехар ќе биде неуспех за Вардар“, кажа Недановски.