Недвед по ждрепката за Лигата на шампионите: Реал и Сити се кандидати за титулата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска беше извршена ждрепката за Лигата на шампионите по кој е познат костурот за завршницата на најелитното натпреварување.

Во најава е еденс пектакуларен дуел во четвртфиналето, само прво Јувентус треба да го мине Лион, а потоа да го дочеа победникот од средбата меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Клубот од Торино има негатива по првиот натпревар против Лион и на домашен терен ќе мора да победи со два гола разлика за да се пласира во четвртфиналето и да закаже мегдан со Сити или Реал Мадрид.

„Прво и основно мора да поминеме во осминафиналето, а таму мора да бидеме свесни дека не чека тешка работа.

Потоа следат Манчестер Сити и Реал Мадрид, тоа се два кандидати за трофејот и тоа ќе биде тежок дуел. Сепак, нашата цел во овој момент е прво да го избориме патот во Португалија. Новиот формат со три нокаут натпревари е многу интересен за целиот фудбалски свет, посебно по долгиот период кога не се играше фудбал“ –изјави Недвед.