Недвед пред натпреварот со Атлетико го прокоментира Пјаниќ, а по натпреварот доби и одговор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со минимална победа над Атлетико Мадрид (1:0), Јувентус го осигура првото место во својата група во Лигата на Шампионите. Миралем Пјаниќ го одигра целиот натпревар за Бјанконерите.

И покрај тоа што во последно време не игра како што играше на стартот на сезоната поради проблеми со адукторот, пред натпреварот Пјаниќ доби пофалби од последниот добитник на Златната Топка во Јувентус – Павел Недвед.

Легендарниот Чех кој моментално ја извршува должноста како потппретседател на Јувентус за Пјаниќ рече дека е фудбалер кој најмногу напредувал во оваа сезона и тоа повеќе од Пауло Дибала.

„Оскар за најголем напредок на Дибала? Јас би го доделил на Пјаниќ. Дибала напредуваше во потполна смисла на зборот, но јас би го доделил на Пјаниќ“, изјави Недвед пред натпреварот.

По натпреварот следуваше и одговорот на Пјаниќ. Одличниот везен се заблагодари со порака дека во Торино сака да ја донесе Лигата на Шампионите  која се исчекува уште од 1996. година.

„Се чуствувам одлично и му се заблагодарувам на Недвед на убавите зборови. Смирен сум и сакам да ја донесам Лигата на Шампионите. Задоволен сум само ако и клубот е задоволен. Играме добро и сите ни се потребни“, рече Пјаниќ.

Инаку, со 12.40 километри, Пјаниќ е фудбалер кој најмногу истрча на синоќешниот натпревар и тоа во двата тимови.