Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тај МекФи го привлече вниманието на англиската јавност затоа што многу личи на Килијан Мбапе.
Овој 28-годишник преку ноќ стана сензација на социјалните мрежи бидејќи изгледа како напаѓачот на ПСЖ. Мекфи откри дека сличноста ја откриле неговите соученици пред две години и дека тој самиот никогаш не забележал.
После тоа, неговиот живот се смени затоа што многумина го запираат на улица за да им даде автограм и да се сликаат со нив за да мислат дека ова е навистина Мбапе.
“Секој ден луѓето ме запираат на улица и ме прашуваат да се потпишам на дрес, топка, па дури и еднаш да се потпишам на велосипед. Забавно ми е мене и ако некој го направам среќен само поради тоа што личам на Мбапе, тогаш е навистина супер. Кој и да ме препознае се врти и ме прашува дали сум Мбапе. Мојот живот многу се смени заради тоа и јас уживам во тоа “, рече Мекфи.
Но, Мекфи има една голема „маана“, а тоа е дека неговите фудбалски вештини се далеку од оние на Мбапе. Тој е свесен дека фудбалот не му оди многу добро и затоа избегнува да ги покаже своите “вештини” со топката.