Неизвесна судбината на “Сан Сиро”, му се заканува рушење


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во меѓувреме во клубовите се согласиле дека реновирањето е прескапо и неефикасно решение.

Челниците на Интер и Милан и понатаму преговараат со градските власти на Милано во врска со изградба на заеднички стадион, а минатата среда поднеле барање за изградба на нов стадион со капацитет од 60.000 места во близина на стадионот “Џузепе Меаца”.

Проектот е вреден 1,2 милијарди евра. По планот, стариот стадион треба да биде срушен, а на негово место би се изградиле станбени згради и деловен простор.

Меѓутоа, како што моментално стојат работите, градските власти, во чие сопствеништво е “Џузепе Меаца”, не се за негово рушење, туку за реновирање.

За сега останува да се види дали миланските гиганти ќе добијат дозвола за градба, иако градот очигледно епротив таа идеја, па може лесно да се предвиди компромис да се изгради нов стадион, а стариот да “преживее”.