Нејмар го пречека непријатно изненадување на собирот на репрезентацијата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата од Јужна Америка наскоро започнува припреми за Копа Америка кое се игра наредниот месец.

За крај на возбудливата сезона ќе ги гледаме секогаш интересните дуели помеѓу јужноамериканските селекции, а Копа Америка секогаш ни нуди многу возбудувања.

Сигурно тоа ќе биде така и овој пат, а главни фаворит за освојување на трофејот се Бразил, Аргентина, Уругвај и Чиле.

Бразилците конечно сакаат да го освојат овој трофеј, а вчера се собраа за да ги започнат припремите.

Секако, во селекцијата на Кариоките најмногу се очекува од Нејмар кој се опорави од поврдата и во добра форма го дочекува ова натпреварување.

Но, Нејмар го дочека и непријатна вест откако се приклучи на селекцијата.

Имено, селекторот Тите одлучил да му ја одземе капитенската лента на Нејмар, а ја превзема искусниот Дани Алвес. Иако во Бразил во изминатите години обичај беше на секој меч различен играч да биде капитен, Тите одлучи само еден играч да биде отсега.

Се очекуваше капитенската лента да остане кај Нејмар, но селекторот одлучи тоа да биде Алвес како еден од најискусните во селекцијата на Бразил