Нејмар ја дозна казната за пресметката со Џало 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилската ѕвезда Нејмар пред неколку дена направи инцидент на натпреварот против Лил во кој ПСЖ беше поразен со 0-1.

Нејмар заработи црвен картон откако почна караница џо Џало на теренот, а таа не прекина ниту по патот кон соблекувалната.

Фудбалерот на ПСЖ го навредуваше ривалот од Лил, кој не му остана должен, па Бразилецот сакаше и физички да се пресмета со Џало.

За среќа реагираа присутните во тој момент и спречија поголем инцидент, а вчера управата на француската Лига 1 потврди дека двајцата ќе бидат суспендирани на три натпревари во домашното првенство.