Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот стопер Миранда ќе ги предводи Кариоките во квалификациите за Мундијалот во Русија.
Имено, после што главната ѕвезда на репрезентацијата Нејмар одби да ја носи капитенската лента, таа одговорност припадна на Миранда кој истата со задоволство ја прифати.
„Овој тим има неколку лидери. Меѓутоа честа припадна на мене, да бидам капитен на оваа одлична екипа и пријатели. Со гордост ќе ја носам лентата низ квалификациите. Не чека тежок натпревар со Еквадор кој мораме да го добиеме. Сега се вртиме кон тоа“, изјави за странските медиуми стоперот на Бразил, Миранда.
Да потсетиме, Нејмар после ОИ во Рио ја предаде лентата од причини што смета дека е голем притисок на него, и дека публиката од него очечува најмногу.