Нејмар ќе добие 600 милиони евра за тригодишен договор?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар најверојатно ќе го напушти ПСЖ ова лето, откако добил примамлива понуда од Саудиска Арабија.

Ал-Хилал му понудил неверојатни 600 милиони евра за тригодишен договор, па сега на потег е Нејмар кој има соработка со парижаните до јуни 2025 година.

Нејмар се пресели на „Паркот на принцовите“ од Барселона во 2017 година, а минатата сезона за ПСЖ настапи на 29 меча и притоа постигна 18 гола и 17 асистенции.