Нејмар ќе го пропушти финалето во ЛШ поради глупост против Лајпциг!? (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


ПСЖ би можел да остане без Нејмар за финалето во Лигата на шампиони, зашто Бразилецот направи еден непромислен потег во полуфиналето против Лајпциг.

„Сан“ објави дека Нејмар би можел да биде исфрлен од финалето поради тоа што прекршил правило за коронавирусот.

Според правилата, забранета е размена на дресови меѓу фудбалерите и доколку го направат тоа, тогаш им следи суспензија од еден натпревар, а исто така тие мора да одат во самоизолација за 12 дена.

ПСЖ во финалето ќе игра против подобриот од мечот меѓу Баерн Минхен и Лион.