Нејмар: Меси ми е другар, но во финале на Копа Америка се забораваат такви работи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Бразил, Нејмар вели пред финалето во Копа Америка со Аргентина дека на теренот се заборава пријателството меѓу фудбалерите.

Финалето на Копа Америка се игра во ноќта од сабота кон недела во 2 часот по полноќ.

„Меси, како што зборував и досега, е најдобар фудбалер со кој сум играл. Тој ми е голем пријател, но сега сме во финале и ривали сме. Сакам да победам, тоа би ми бил прв трофеј во Копа Америка. И Меси долго ја бара првата титула со националниот тим. Сепак, сега во игра е Бразил и пријателството се заборава на теренот. Така ќе биде и во сабота“, вели Нејмар.