Нејмар почна штрајк затоа што сака да се врати во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар се наоѓа во центар на внимание поради шпекулациите дека ќе го напушти ПСЖ и ќе се врати во Барселона.

Нејмар во ПСЖ стигна пред две години од Барселона за рекордни 222 милиони евра. Меѓутоа, шпанските медиуми пишуваат дека Бразилецот жали поради тоа и сака да се врати во Каталонија.

Дури е подготвен за јавно извинување поради начинот на кој заминал од Барселона, но јасно е дека неговата судбина е во рацете на раководството на ПСЖ.

Каталонски „Спорт“ објави дека Нејмар почнал штрајк за да ги натера парижаните да го продадат. Наводно, Бразилецот не сака да оди на подготовки со ПСЖ, кои почнуваат за седум дена и така сака да форсира трансфер во Барселона.