Нејмар пред најголем трансфер на сите времиња


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот Нејмар сериозно размислува за напуштање на Барселона.

Шпанскиот новинар Гилермо Галаг, кој има блиски врски со шпанскиот шампион, тврди дека Бразилецот доби неверојатна понуда од ПСЖ за продолжување на кариерата.

Наводно, францускиот шампион понуди сума од 200 милиони евра, а и ѕвездата на каталонскиот тим нема ништо против да замине во ПСЖ, каде што би бил прва виолина после заминувањето на Златан Ибрахимовиќ.

„Барселоона е загрижена, бидејќи Нејмар сериозно размислува да оди во ПСЖ. Не е потпишано продолжување на договорот и тоа го загрижува шпанскиот шампион“, тврди Балаг.

Нејмар член на Барселона стана во 2013 година. Стигна од Сантос, а во 141 настапи за клубот постигна 85 погодоци. Ако навистина дојде до овој трансфер, Нејмар ќе стане најскапо платен фудбалер на сите времиња.