Нејмар пристигна на штаки во полициска станица во Бразил (ВИДЕО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Бразилската ѕвезда Нејмар беше во полициска станица во Рио де Жанеиро за да даде изјава по обвинувањата за силување.

Нејмар демантираше дека ја силувал девојката Тринданде на 15 мај во хотел во Париз. Таа од него барала, наводно, да престане, но тој не сакал да застане.

„Кога го прашав дали има кондом, тој ми кажа не и затоа му кажав дека не сакам да имам се*с со него, но тој не ме послуша. Само ја сакам правдата. Сакам да плати за тоа што го направи“, кажа девојката.

Во меѓувреме Нејмар доживеа повреда на пријателски меч против Катар, па остана без спонзорот „МастерКард“, а „Најк“ планира да го прекине договорот со него.

Напаѓачот на ПСЖ денеска беше во полициска станица за да даде изјава, па дојде на штаки, а подоцна ги поздрави фановите.