Нејмар прв ќе настрада од бесниот газда на ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ уште еднаш разочара во Лигата на шампиони (ЛШ), откако испадна од Реал Мадрид по поразот во Шпанија со 1-3, а ова ќе предизвика реконструкција во екипата.

Француските медиуми пишуваат дека прв кој ќе го почуствува бесот на богатиот газда Насер Ал Келаифи е Бразилецот Нејмар, кој има договор до 2025 година

Нејмар е најскап фудбалер во светот, откако пред пет години беше купен од Барселона за сума од 222 милиони евра.

Ал Келаифи ја донел одлуката да го продаде бразилскиот репрезентативец по неуспехот во Мадрид, а разочаран е од тоа што Нејмар сезонава постигна само четири голови во сите натпреварувања.