Нејмар: Првенството во Саудиска Арабија е подобро од Лига 1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар е една од ѕвездите кои летово се преселија во Саудиска Арабија, а во меѓувреме се јави и реши да испрати провокација до Французите.

Нејмар смета дека С. Арабија сериозно се загрижува за фудбалот и се надева дека уште повеќе ќе напредува во иднина, иако во моментов има поквалитетно првенство од француското.

„Каков е фудбалот во С. Арабија? Топката е округла и има голови на двете страни… Со сите големи играчи кои стигнаа тука, не знам дали саудиската лига не е подобра од францускиот шампионат. Нема да биде лесно, многу тимови се засилија. Јас дојдов во Ал Хилал за да освојувам титули“, кажа Нејмар.