Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилецот Нејмар призна дека летово сакал да го напушти ПСЖ, но дека сега е среќен во клубот.
Тој моментално се наоѓа на собир на репрезентацијата за која ќе го одигра 100. меч против Сенегар, а по тој повод на прес-конференцијата говореше за се по малку.
Во текот на неговите коментари го спомена и ПСЖ и како што кажа, многу е среќен и опуштен.
„Не сум среќен само во репрезентацијата, среќен сум и во клубот, Сите знаете што се случуваше во летниот преоден рок и знаете дека сакав да си одам до Париз. Но, тоа е позади мене. Сега сум среќен, опуштен и се чуствувам пријатно во клубот. Оваа сезона добро почна за мене, задоволен сум од своите игри“, изјави Нејмар и додаде:
„Како што веќе и кажав, ќе се борам за својот клуб, трудејќи се да бидам успешен и да го дадам максимумот за да оствариме добри резултати. Се надевам дека тоа што се чуствувам одлично, ќе се одрази на клубот на најдобар можен начин и на играта во репрезентацијата“.
Нејмар на свои 27 години запиша 99 натпревар за репрезентацијата и постигна 61 гол.
Јубилејниот 100ти меч ќе се одигра денес од 14.00 против Сенегал.