Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ синоќа загуби на гостувањето против Манчестер сити со 1-2 во групната фаза од Лигата на шампиони. Парижаните први постигнаа гол преку Мбапе, но до крајот домаќинот направи целосен пресврт и тоа преку Стерлинг и Жесус.
ПСЖ во својата екипа има неколку неверојатни фудбалери, но јасно е дека тоа претставува проблем и тешко се одржува баланс.
Тоа го покажа и инцидентот пред крајот на првото полувреме, кога Нејмар и Леандро Паредес имаа вербална пресметка.
Нејмар во една акција ја загуби топката сред терен, а Паредес му покажа дека треба да ја смири играта и не треба да брза, по што Бразилецот се изнервира и се скара со неговиот колега сред натпревар.