Нејмар сепак ќе оди во Барселона, и тоа во многу скоро време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар сепак наскоро ќе оди во Барселона, но нема повторно да го облече дресот на каталонскиот клуб, туку таму ќе замине затоа што мора да се појави на суд.

Интересно е тоа што Нејмар ја тужеше Барселона и на 27. септември ќе мора да се соочи на суд со неговиот поранешен клуб.

Бразилецот наводно барал од Барселона уте 26 милиони евра кои му биле ветени ако потпише нов договор со клубот. Тој го потпишал договорот, а Барселона требало да му исплати 40 милиони евра.

Нејмар добил само 14 милиони евра, а потоа следеше трансферот во ПСЖ, а сега фудбалерот си ги бара парите назад.

Од друга страна, пак, Барселона го тужи Нејмар и бара надополнување наштетата од 75 милиони евра затоа што играчот не ги почитувал обврските од потпишаниот договор и заминувањето во ПСЖ.