Нејмар со новиот потег го „отпиша“ враќањето во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар минатото лето беше на чекор од враќање во Барселона, но на крајот ПСЖ се откажа од негова продажба.

Нејмар во 2017 година пристигна во ПСЖ од Барселона за рекордни 222 милиони евра, но набрзо разбра дека направил грешка.

Бразилецот направи проблеми со Барселона, кога реши да ги тужи поради неисплатени бонуси за „лојалност“ во износ од шест милиони евра. Случајот двапати беше на Суд, но двапати го доби Барселона.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Нејмар не се откажува од своите пари, па решил повторно да го тужи клубот, а со тој потег засекогаш си ја затвори вратата во Каталонија и речиси сигурно ќе остане во ПСЖ.