Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
ПСЖ вчера пред своите навивачи дојде до победа врз Нант со резултат од 2:0.
Парижаните до нови три бода стигнаа со погодоците во второто полувреме. Домашните дојдоа до водство во 52. минута кога фантастичен гол со пета постигна Килијан Мбапе со помош на асистенцијата на Ди Марија.
Натпреварот беше решен во 85. минута кога судијата свирна пенал за ПСЖ, а погодокот за конечен резултат од 2:0 го постигна Нејмар. Но, после погодокот, Бразилецот предизвика бес кај навивачите на ПСЖ.
Тој му гестикулираше на навивачите на ПСЖ кои му свиреа за време на натпреварот дека сега можат да замолчат, а тоа на нив не им се допадна. Нејмар по прославата на погодокот доби уште поголеми свирежи од трибините.