Нејмар за прославата пред Кимих: Не сакав да го провоцирам… 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ загуби од Баерн Минхен со 0-1 во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), но поради триумфот од 3-2 во Минхен во првиот меч, францускиот првак се пласираше во полуфинае.

По натпреварот главна ѕвезда пред новинарите беше Нејмар, кој заедно со Леандро Паредес го прослави пласманот во полуфинале директно пред ривалот Џошуа Кимих.

Нејмар тврди дека немал намера да прослави пред фудбалерот на баерн Минхен.

„Не славев за да го испровоцирам. Тоа случајно се случи додека Лео и јас славевме. Ми кажа дека неговиот тим е подобар, дека ќе победи и ќе се пласира во полуфинале. Можеш да ја имаш топката на своја страна, но тоа на крајот не е важно“, вели Нејмар.