Некогаш играше за Ливерпул, сега е на проба во Германија


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Давид Н’Гог би можел да стане нов член на Дармштад.

Овој поранешен млад репрезентативец на Франција стана слободен играч откако истече неговиот договор Рен и е во потрага по нов клуб, а како што пишуваат германските медиуми тој во овој момент се наоѓа на проба во Дармштад.

Н’Гог во наредниот период ќе тренира со Дармштад, после што стручниот штаб на чело со Нробер Меиер ќе донесе одлука дали тој ќе добие договор.

Овој фудбалер претходно настапуваше за Ливерпул, Болтон и Свонси.