Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е познат по неговиот успех во најсилните европски лиги, а во кариерата тренираше голем број ѕвезди.
Мурињо вели дека еден од неговите омилени фудбалери е Златан Ибрахимовиќ, со кој соработуваше во Манчестер јунајтед.
Ибра има 39 години, но игра неверојатно и во моментов е лидер на Милан и најдобар стрелец во италијанската Серија А.
Португалецот со една изјава испрати огромни пофалби за настапите на шведскиот напаѓач, кој ќе се обиде сезонава да му донесе успеси на Милан.
„За некои работи ви е потребна посебна физичка подготвеност. На пример, 40-годишен фудбалер не може да има исти перформанси како некој на 20 или 30, освен ако тој 40-годишник не е Ибрахимовиќ“, кажа Мурињо.