Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната ќе води голема битка за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
„Црвените ѓаволи“ имаат две можности да стигнат до најдобрите 32 екипи во Европа. Првата е освојување на титулата оваа сезона, а втората е низ првенството, каде мораат да завршат меѓу четирите најдобри екипи.
Засега Јунајтед не е баш во најдобра положба. Во четвртфиналето од Лигата на шампионите за противник ја имаат Барселона, а во првенството се шести со три бода помалку во однос на Тотенхем, кој ја зазема четвртата позиција.
Лесно би можело да се случи, екипата од „Олд Трафорд“ да остане без пласман во Лигата на шампионите, а ако тоа се случи, раководството на клубот најавува санкција за играчите.
Според наведувањата на англиските медиуми, на играчите на Јунајтед би можело да им се намали платата и за 25%, што е најавена мерка ако клубот не успее да оствари пласман во ЛШ, кој им носи голема заработка.
Англискиот великан со изостанување од најелитното европско натпреварување губи огромни приходи. Договорот со Адидас би бил помал за 30%, не би имале средства од УЕФА, но ниту од ТВ правата за Лигата на шампионите.
Затоа во раководството на Јунајтед се потрудија да наметнат притисок над играчите. Платите ќе бидат „скратени“ ако не успеат да изборат пласман во ЛШ и ова секако е преседан меѓу најдобрите европски екипи.