Нема никаква конкуренција: Нејмар добива убедливо највисока плата во Лига 1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Л’Екип“ ја објави листата на најплатени фудбалери во Лига 1. Очекувано, фудбалерите на ПСЖ се далеку пред останатите, а најмногу пари на месечно ниво заработува Нејмар.

Бразилецот за еден месец заработува повеќе од три милиони евра и тој е убедливо прв на листата. Неговиот колега Килијан Мбапе заработува 1,91 милион евра месечно, а на трето место е Тиаго Силва со заработка од 1,5 милиони евра.

Дури 11 водечки позиции им припаѓаат на парижаните, а листата на 12. место со плата од 650.000 евра ја прекинува напаѓачот на Монако, Висам Бен Једер.

Од останатите фудбалерите во топ-20 се наоѓаа Цеск Фабрегас со 600.000 евра месечно, Тимуе Бакајоко добива 450.000 евра…