Нема патување за ѕвездите на Наполи за време на пандемијата од коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Наполи им забрани на своите фудбалери да ја напуштат Италија среде пандемијата од коронавирусот.

И додека неколку клубови во Серија А, вклучувајќи ги Интер и Јувентус, им дозволија на своите играчи да бидат со своите семејства за време на пандемијата на коронавирусот, тоа не е случај со Наполи.

Италијанските медиуми јавуваат дека газдата Аурелио Де Лаурентис им наредил на своите фудбалери да останат во Неапол, а главната причина е периодот што би требало да го поминат во изолација доколку се вратат во своите домови.

Освен што беа изолирани во матичната земја најмалку 14 дена, истото ќе следи и при нивното враќање во Италија, а од Наполитанците не се очекуваше да можат да отсуствуваат цели 28 дена.

Наполитанците имаа намера да го продолжат тренингот оваа недела, меѓутоа, тие планови беа одложени откако италијанската влада им нареди на сите клубови да ги почитуваат мерките и да ги следат упатствата за борба против коронавирусот.