Нема повеќе дилеми: Ковач останува во Баерн Минхен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нико Ковач останува тренер на Баерн Минхен, а тоа го потврди претседателот на германскиот шампион Карл-Хајнц Румениге.

Иако долго време се шпекулираше дека Ковач најверојатно ќе го напушти клубот, посебно по турбулентниот почеток на сезоната, сепак работите се сменија.

Баварците го освоија првиот трофеј во Купот од 2016 година, а Румениге и пред финалето најави дека тренерот нема да се менува, без разлика на тоа што ќе се случи на дуелот.

„Секако дека Нико останува тренер, тоа никогаш не го разгледувавме. Во Баерн се важни трофеите, а тоа е нешто во што тренерот игра најважна улога. Не се сомневавме воопшто во Ковач“, вели Румениге.