Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Голманот Робин Кантегрел, кој настапуваше за Сесон Рен минатата сезона, ќе игра за европскиот шампион Вардар во следната сезона, иако се појавија некои шпекулации дека тоа нема да се случи.
„Л’Екип“ објави дека 25-годишниот голман има договор со францускиот клуб, но тие нема да прават проблем за преселбата на Кантегрел во Вардар.
Во македонската екипа Кантегрел ќе има голема конкуренција, со оглед на тоа дека Вардар веќе ги има Борко Ристовски и Марко Кизиќ.
Вардар на ваков начин докажа дека планира и следната сезона да има моќен тим и високи амбиции, како и во минатиот период, а веќе почна обновата на клубот.