Нема шанси да замине бесплатно: Позната цената за која Меси може да ја напушти Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По две децении во клубот, Лионел Меси реши да замине, а раководството на клубот не сака да го пушти бесплатно, како што бараше тој.

Шпанските медиум пишуваат дека е поставена цена за која може да си замине. Нема да бараат 700 милиони евра, колку што изнесува клаузулата, туку ќе биде продаден за 222 милиони евра.

Меси имаше клаузула во договорот која му дозволува да замине бесплатно, ако зза тоа го извести клубот 20 дена пред крајот на сезоната, но тоа не се случи.

Аргентинецот, наводно, го известил клубот на 20 агуст, па раководството смета дека не го направил тоа на време, зашто официјалниот крај на сезоната беше на 23 август.

Тоа значи дека Барселона нема бесплатно да го пушти Меси, а останува да видиме кој ќе има 222 милиони евра за неговиот потпис.