Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар неодамна се врати на теренот, откако поради повреда помина три месеци надвор од теренот, но повторно се повреди и сега го очекува пауза.
Азар претходно паузираше три месеци поради повреда во дуелот против ПСЖ, но Белгиецот минатиот викенд доби нови лоши вести и ќе мора да паузира најмалку два месеци.
Белгиецот во мечот против Леванте одигра еден час, по што мораше принудно да го напушти теренот, а по прегледите било откриено дека станува збор за скршеница на потколеницата на десната нога.
„Марка“ пишува дека Азар бил и утрово на прегледи, па докторот му кажал дека најдобро решение е да оди на операција, иако Белгиецот не бил за таква опција.
Конечна одлука ќе мора да донесе до крајот на неделата, но јасно е дека ќе паузира најмалку два месеци.