Нема веќе чекање: Јунајтед тргнува по две големи засилувања!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед тргна по две големи засилувања.

По информациите од англиските медиуми, Црвените ѓаволи до крајот на јануарскиот преоден рок ќе се обиде да ги заврши трансферите на Џејмс Медисон од Лестер и Аркадиус Милик од Наполи.

Јунајтед и оваа сезона не блеска. Последниот тежок пораз од градскиот ривал Сити ја прели чашата и менаџерот Оле Гунар Солскјер побарал од раководството засилувања.

Медисон е главна цел на Јунајтед. На Олд Трафорд се уверени дека ќе успеат да го доведат до крајот на преодниот рок, а тоа ќе ги чини околу 100 милиони евра.

Од друга страна, според некои шпекулации се спрема понуда од 70 милиони евра за полскиот напаѓач Милик, а ќе видиме дали Наполи ќе ја прифати оваа понуда.

Медисон и Милик би биле добри засилувања за Јунајтед кој и оваа година има голем проблем да се врати на врвот на англискиот фудбал.