Нема зелено светло за фудбал во Италија, натпреварите нема да продолжат на 12 јуни

Италијанската фудбалска федерација вечерва соопшти дека фудбалот во Италија нема да се врати најмалку до 14 јуни.

Од денес за клубовите во Серија А требаше да бидат дозволени групни тренинзи, а организацијата на лигата се надеваше дека натпреварите ќе продолжат на 12 и 13 јуни.

Сега е јасно дека тоа сигурно нема да се случи, но постои можност тоа да се случи една недела подоцна и натпреварите да продолжат на 19 јуни.