Необичен потег по испаѓањето од Светското првенство: Претседателот на државата нареди итна истрага!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


На некому Светското првенство му носи прекрасни, историски приказни, но не секој има таа среќа.

Имено, сè што му се случи на Јужна Кореја на годинашниот Мундијал, на крај имаше свои последици.

Селекторот Хонг Мјунг-бо ја напушти својата позиција, но тоа беше само почеток на настаните во оваа држава.

Слабиот резултат доведе до тоа претседателот на државата да нареди истрага како дојде до големиот неуспех на Мундијалот.

Ли Џае Мијунг, човекот кој е претседател на Јужна Кореја, јавно ја критикуваше начинот на кој беше раководена репрезентацијата.