Необично правило: Во Италија натпревар заврши нерешено по дополнителното време, но без пенали


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веројатно никаде во светот не постои плеј-оф-систем за пласман во најсилниот ранг на натпреварувањето одигран како оној во Италија.

Редовната сезона на Серија Б беше завршена пред неколку дена, а плеј-офот за промоција започна вчера. Во првиот дуел Киево и Емполи се натпреваруваа и одиграа многу необичен натпревар.

Немаше погодоци во текот на 90 минути игра, а можеше да има бидејќи и двата тима промашија пенали. Во 53. минута првиот пенал беше досуден со помош на ВАР технологијата во Серија Б, за Киево, но Брињоли го одбрани ударот на Ѓорѓевиќ. Во 87-та имаше пенал за Емполи, ударот на Цицирети го одбрани Семпер.

Во продолжението, првото водство го има Киево. Се играше во 97-та минута кога Гаритано го претвори центаршутот на Ригионе во гол. Во 103. минута, нов пенал за Емполи, помогната од ВАР технологијата, но Ла Мантија шутираше над пречката.

Гостите од Тоскана сепак успеаја да постигнат гол, сите претходни промашувања на соиграчите ги надомести Тутино, кој во 110-та минута постигна гол за 1:1. Немаше промени до крајот, но немаше ни пенал серија.

Имено, поради нешто апсурдно правило, доколку после 120 минути е нерешено, екипата со подобар пласман на табелата оди понатаму во регуларниот дел, во случајов тоа беше Киево. Следниот противник за Летечките магариња е Специја.