Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалските медиуми објавија дека Долорес Авеиро е во болница по мозочниот удар, а Кристијано Роналдо веднаш заминал во татковината за да ја посети мајка му и очигледно таму ќе остане додека не ѝ биде подобро.
Пред неколку недели медиуми шпекулираа дека таа мора да оди повторно на хемотерапија, а сега информацијата за мозочниот удар пристигна неочекувано и затоа Роналдо се наоѓа во тешка ситуација.
Роналдо ќе остане со мајка му и според италијанските медиуми постои голема можност да не настапи против Милан во реваншот од Купот утре вечер, зашто нема да биде подготвен за такво нешто.