До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Неочекуван скандал ја тресе НБА лигата, бидејќи според зборовите на познатиот инсајдер Шамс Чаранија од ESPN, се отвори истрага против Милвоки поради сомнеж дека давал лажни информации за здравствената состојба на најголемата ѕвезда на овој тим, Јанис Адетокумбо.
Како што наведува Шамс Чаранија, се истражува зошто информациите кои доаѓаат од тимот на Милвоки не се доследни со оние кои ги давал самиот кошаркар при разговорите. Се наведува дека челниците на НБА разговарале со докторите, самиот Јанис, како и со раководството на Бакс.
Како причина поради која е покрената истрагата, се наведува дека приказната која ја пренел Адетокумбо е сосема различна од онаа која ја дал самиот тим на Милвоки Бакс.
Имено, Милвоки информирал дека верува дека Јанис не е подготвен да се врати на теренот и да почне да игра, додека од друга страна, грчкиот кошаркар објавил дека сака да игра, но медицинскиот тим не ќе го пушти да излезе на терен.
















