Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ се повлекоа од Мастерсот во Монтреал, соопштија организаторите на турнирот.
Канадскиот турнир од серијата Мастерс 1000 ќе се одржи од 2 до 13 август, но без двајцата најголеми имиња од првобитниот список на учесници.
Синер ја објасни својата одлука со желбата да го зачува здравјето по напорниот период и одбраната на титулата на Вимблдон, каде што во полуфиналето го победи токму Ѓоковиќ.
“По внимателно разгледување на сите фактори со мојот тим, донесовме тешка одлука да се повлечеме од Монтреал. Никогаш не е лесно да се пропушти таков важен турнир, но веруваме дека ова е правилна одлука за да му дадам приоритет на моето здравје”, порача Синер.










