Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Останува во Премиер лигата овој бразилски офанзивец.
Младиот 20-годишен фудбалер на Челси нема во оваа сезона да игра за тој клуб, веќе е одлучено за тој да оди на позајмица.
Момчето кое во минатата година стигна од Флумененсе како големо засилување за иднината ќе проба да се наметне низ игра во друг клуб, а тој друг клуб е Вотфорд.
Ова го пренесе екипата од Скај Спорт која важи за многу доверлива во Англија.
Значи, наскоро се очекува и официјална потврда од страна на еден или од другиот клуб.
Инаку, Кенеди во минатата сезона одигра 14 мечеви во Премиер лигата, а вкупно 20 вкупно. Постигна и два гола на официјалните натпревари играјќи за Челси.