Неочекувано: Жоржињо ќе засили голем ривал на Челси од Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси планира да се раздели со неколку фудбалери следното лето, а еден од нив е италијанскиот репрезентативец Жоржињо.

Фудбалерите на Грем Потер не знаат за победа во англиската Премиерлига веќе пет натпревари, а ќе се потруди тоа да се промени во следниот период.

Италијанецот има договор до крајот на сезоната, а се шпекулира дека ќе остане во англиската лига и ќе го засили Њукасл кој во моментов игра одлично и се бори за топ-4.

Њукасл вчера го декласира Лестер сити и во моментов се наоѓа на втората позиција во Премиерлигата, па момците на Еди Хау покажаа дека се закана за најголемите тимови во шампионатот.