Непристојна понуда за селекторот на Португалија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дали е потребно посебно да се нагласи дека стигнува од Кина?

Водечките португалски спортски весници (а Бола, О Јого, ЗероЗеро) пренесуваат дека Пекинг Гуаоан сака на кормилото да го доведе Фернандо Сантош.

61-годишниот стручнак, кој со Португалија во ова лето ја освои титулата шампион на Европа на ЕП во Франдција, токму овој кинески клуб му нуди 8-милиони евра годишна плата.

Тоа е сума која Фудбалскиот сојуз на Португалија никако не може да парира, па јавноста е сериозно вознемирена.

Пред што го превзеде кормилото на репрезентацијата на својата земја, Сантош ја водеше репрезентацијата на Грција, а работеше уште како тренер на Паок, Бенфика, АЕК,(во два наврати), Панатинаикос, Портоа, Амадор и Есторил.