Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без билети на сила сакаат да влезат на стадион (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) е одложено за најмалку 15 минути поради тоа што навивачите на Ливерпул направија хаос пред мечот против Реал Мадрид.

Западната трибина на која се навивачите на Ливерпул не беше исполнета како што се очекуваше и организаторите соопштија дека мечот ќе доцни, а причина за тоа е хаосот пред стадионот.

Навивачите на Ливерпул кои дојдоа без билети, на сила се обидоа да влезат, па дел од нив дури скокаа преку ограда за да стигнат до столче на стадионот.