Несекојдневно: Голман постигна гол за 2-2 дури во 95. минута! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа беше одигран еден меч во 23. коло од Серија Б, а Асколи на домашен терен го пречека Јуве Стабија, па дуелот заврши со резултат 2-2.

Асколи водеше со 2-1 до самиот финиш на мечот, а потоа голманот на гостинската екипа Иван Проведел тргна во напад.

Јуве Стабија изведе слободен удар, а Проведел најдобро се снајде во противничкиот казнен простор и погоди за конечни 2-2.

Проведел така му донесе огромен бод на својот тим со оглед дека Јуве се бори за да избегне позиција од која би можеле да бидат преместени во понизок ранг.