Несторовски даде гол во убедливата победа на Удинезе од 11-0!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски ќе игра и следната сезона за Удинезе, а денеска го даде првиот гол против Лиенц во победата од 11-0 на калчолигашот.

Несторовски постигна гол по само 10 минути игра за водство на Удинезе, по што неговите колеги продолжија да ја полнат мрежата на ривалот.

Репрезенативецот на Македонија се надева дека ќе добие поголема минутажа во следната сезона кај новиот тренер Андреа Сотил, а засега добро се покажа на теренот.

Несторовски претходно потпиша нов едногодишен договор со Удинезе и има опција да ја продолжи соработката на уште една сезона.