Несторовски: Дадов гол за победа, се надевам на поголема минутажа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Илија Несторовски беше одличен во мечот против Торино, па постигна гол за победа на Удинезе од 3-2, која воедно беше трета по ред во Серија А.

Несторовски повторно доби шанса од клупата и одигра половина час на теренот, а во 69. минута го постигна голот за победа.

„Навистина големо задоволство. Игравме одлично и тогаш набрзина примивме два глупави голови, добро е што покажавме карактер и се вративме брзо во водство. Лично кога тренирам секогаш го давам максимумот, сега постигнав победнички гол па се надевам дека во следните натпревари ќе игра повеќе. Удинезе е квалитетен тим кој игра добар фудбал. Знаеме што сакаме и ќе продолжиме да ги радуваме фановите“, кажа Несторовски.